Дефект на топловодна мрежа на улица Васил Главинов, предизвика излевање на вода на тротоарот



(Скопје, 30.03.2018) – Дефект на топловодната мрежа предизвика излевање на топла вода на тротоарот и дел од коловозот на ул. Васил Главинов, број 3. Заради санација на дефектот беше направен ископ кој опфати дел од тротоарот.

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи се на терен и забрзано работат на санација на дефектот. Според проценката, санацијата на дефектот ќе се изврши во најкраток рок по што нормална испорака на топлинска енергија, согласно режимот на испорака, ќе добијат следниве објекти:

  • Ул. Максим Горки, бр. 14, бр. 8А
  • Бул. Партизански одреди, бр. 5, бр. 7, бр. 9
  • Ул. 27ми Март, бр. 10, бр. 14
  • Ул. Орце Николов, бр. 0007, бр. 29
  • Ул. Наум Наумовски Борче, бр. 0008
  • Ул. Васил Главинов, бр. 3

Напоменуваме дека топлиноносителот кој се излеа на улицата е деминерализирана вода без хемиски додатоци.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.