Дефект на мрежа во општина Центар



Поради дефект на дистрибутивната мрежа на бул.11-ти Октомври, без греење ќе останат објектите на следните улици во општина Центар:

  • ул.Пролет бр.1, 4 и 17
  • бул.3-та Македонска бригада бр.9
  • ул.Стив Наумов бр.77, 114 и 118А
  • бул.11-ти Октомври бр.25, 27, 29 и 31
  • ул. Ј.Ј.Свештарот бр.39

Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санација на дефектот, кој се очекува да биде завршен во текот на ноќните часови, по што испораката ќе биде нормализирана.

За повеќе информации обратете се во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 3076 200.