Дистрибуција со топлина Балкан енерџи: Санација на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ„ во општината Центар ќе заврши во најкраток рок



30.06.2017, Скопје – Дистрибуција со топлина Балкан енерџи Скопје ја информира јавноста дека интензивно работи на завршување на градежните активности  на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во општина Центар и на враќање на теренот во првобитна состојба.

Во рамките на овој зафат монтажата на новите цевки е веќе во завршна фаза. Во текот на оперативната изведба, нашите екипи наидоа на подземни инсталации чие санирање одзема дополнително време надвор од предвидениот рок. Правиме напори целата операција да се заврши што побрзо и во таа насока ги интензивираме нашите активности се со цел градежните работи да завршат во најкраток можен рок.

Градежните работи и реконструкцијата на топлинската мрежа на овој потег се одвиваат согласно регулативата од оваа област.

Работните активности на овој потег се дел од инвестициската програма на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи за 2017 во чии рамки се предвидени низа активности за модернизација и ревитализација на дистрибутивната мрежа во Скопје.

Се молат граѓаните за разбирање и трпение, се трудиме сé да биде завршено во најкус можен рок.