Инвестиции во 2016 година


Во 2016 година, Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ги реализираше следните инвестициски проекти, со цел проширување на дистрибутивната мрежа, како и одржување на стабилна, квалитетна и ефикасна испорака на топлинската енергија до потрошувачите:

1.Изградба:

  • Изградба на секундарен вреловод на ул.„14-ти Декември“

Вреловодот беше изграден со цел создавање на услови за приклучување на нови потрошувачи на оваа улица. Поставени се предизолирани цевки, со должина од околу 65 метри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Изградба на секундарен вреловод на ул.„Новопроектирана 4“ – прва фаза

Вреловодот беше изграден со цел создавање на услови за приклучување на нови потрошувачи на оваа улица. Поставени се предизолирани цевки, со должина од околу 55 метри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


2
.Реконструкции, дислокации и проширување:

  • Реконструкција и проширување на постоен секундарен вод на ул.„Владимир Полежиновски“

Извршена е реконструкција и проширување на секундарниот вод на ул.„Владимир Полежиновски“, DN100 – DN150, делница во вкупна должина од околу 150 метри. Реконструкцијата беше извршена со замена на постоечките дотраени цевки со нови предизолирани цевки. Главната цел на оваа реконструкција беше да се зголеми доверливоста на овој дел од мрежата и да се намалат топлинските загуби од трансмисија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Дислокација на вреловод на бул.„3-та Македонска бригада“

Дислокација беше извршена на делница со вкупна должина од 580 метри, со различни дијаметри но во најголем дел со дијаметар од DN350. Вреловодот е изграден со предизолирани цевки, со што значително се намалуваат топлинските загуби.