Инвестиции во 2015 година


Во 2015 година, Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ реализираше повеќе инвестициони проекти со цел подобра и поквалитетна испорака на топлинската енергија до потрошувачите:

1.Изградба на Препумпна станица 11 Октомври

2015-1Со цел интегрирање, односно целосно поврзување на системот за дистрибуција на топлинска енергија, што меѓу другото подразбира и предавање на топлинска енергија од топлана Исток кон дистрибутивната мрежа на ТО 11 Октомври (која повеќе не е активна), изградена е Препумпна станица 11 Октомври. Станицата вклучува 2 главни пумпи и една резервна на довод (капацитет 900m3/h) и една пумпа на поврат.

Со оваа инвестиција се овозможи целосно исклучување на ТО 11 Октомври, и пренос на нејзиниот конзум, околу 41,5 MW инсталиран капацитет, на ТО Исток.

 

2.Реконструкции:

  • Секундарен вреловод Б1.190.050

Извршена е реконструкција на секундарниот вод Б1.190.050, DN250, делница во вкупна должина од 170m, од Гимназијата Јосип Броз Тито до ТЦ Палома Бјанка. Реконструкцијата е извршена со замена на постоечките дотраени цевки со нови предизолирани цевки. Главната цел на оваа реконструкција беше да се зголеми доверливоста на овој дел од мрежата и да се намалат топлинските загуби од трансмисија. Проценетото намалување на топлинските загуби на оваа делница, со реализација на овој проект, на годишно ниво е од 53,12 MWh на 20,15 MWh.

2015-2

Состојба на вод пред                            Состојба на вод по
реконструкција                                   реконструкција

 

  • Секундарен вреловод Б1.120

Реконструкцијата е извршена на секундарен вод Б1.120, делница преку мостот кај Спортска Медицина, преку реката Вардар, во должина од 160 метри и дијаметар на цевковод DN150. Стариот цевковод беше инсталиран пред 35 години. Проценетото намалување на топлинските загуби на оваа делница, со реализација на овој проект, на годишно ниво е од 39,5MWh на 17,19MWh.

2015-3

Состојба на вод пред                            Состојба на вод по
реконструкција                                   реконструкција

 

  • Реконструкција и зголемување на капацитетот на вреловод Б2 од Рузвелтова кон ТО Запад

Вкупната должина на реконструкцијата и зголемување на капацитет на вреловодот Б2, делница од Рузвелтова кон ТО Запад, е 230 метри. Дијаметарот на цевководот беше зголемен од DN350 на DN450, од причина што токму оваа делница создаваше „тесно грло“ на овој дел од мрежата. Исто така, со оваа реконструкција се овозможи дополнителен конзум од 6MW да биде префрлен од ТО Запад на ТО Исток. Проценетото намалување на топлинските загуби на оваа делница, со реализација на овој проект, на годишно ниво е од 74,74MWh на 29,4MWh.

2015-4

Состојба на вод пред                            Состојба на вод по
реконструкција                                   реконструкција

 

 

3.Дислокација на мрежа, со инсталирање на нови, предизолирани цевководи:

  • Дислокација и реконструкција околу тераса на Хотел Карпош (Магистрален вреловод Б1)

Оваа инвестиција вклучуваше реконструкција и дислокација на дел од магистралниот вреловод во вкупна должина од 75 m, при што дијаметарот на овој дел од вреловодот, кој претставуваше „тесно грло“, се зголеми од DN350 на DN450.

Дислокацијата, во должина од 35 метри, беше потребна поради тоа што дел од дотраената делницата поминуваше под објектот на Хотел Карпош, со што беше оневозможен пристап до цевките во случај на дефект.

Реконструкцијата и дислокацијата целосно беа изведени со предизолирани цевки.

2015-5

Состојба на вод пред                            Состојба на вод по
реконструкција                                   реконструкција

 

  • Дислокација околу СП Маркет на Пазар Тафталиџе (Магистрален вреловод А2)

Дислокација беше извршена на делница со вкупна должина од 170 метри (во најголем дел со дијаметар од DN250), која поминува директно под објектот на Маркетот Скопски Пазар кај пазарчето Тафталиџе, и во случај на дефект, неговото отклонување би било многу комплициран и долг процес, при што без греење би останале околу 11,5 MW конзум. Староста на оваа делница беше околу 42 години. Новиот вреловод е изграден со предизолирани цевки, со што значително се намалуваат топлинските загуби.

2015-6

Состојба на вод пред                            Состојба на вод по
реконструкција                                   дислокација

 

  • Дислокација околу Детска Градинка 13-ти Ноември (Секундарен вреловод Б1.190.090)

Оваа инвестиција вклучуваше дислокација на еден дел од делницата, во вкупна должина од 64 метри (DN125), и реконструкција на друг дел од истата делница, во должина од 39 метри (DN150). Дислокација е направена на делот од цевководот кој поминува под објектот на градинката 13-ти Ноември, со цел да се овозможи подобар пристап во случај на потреби за одржување или дефект. Проценетото намалување на топлинските загуби на оваа делница, со реализација на овој проект, на годишно ниво е од 25,09MWh на 10,92MWh.

2015-7

Состојба на вод пред                            Состојба на вод по
реконструкција                                   реконструкција

 

Во текот на 2015 година започната е и изведба на нова, како и проширување на постоечка дистрибутивна мрежа, на долунаведените локации:

  • Реконструкција и зголемување на капацитетот на вреловод на бул. „Св. Кирил и Методиј“;
  • Реконструкција и проширување на постоен секундарен вреловод С1.020.030.100.060, за приклучување на објекти на ул. Методија Шаторов Шарло;
  • Изведба на нов секундарен вреловод за приклучување на станбени објекти и објект на ул. Методија Шаторов Шарло;
  • Изведба на нов секундарен вреловод С1.020.030.120.025 за приклучување на објекти на ул. Методија Шаторов Шарло.

2015-8Реконструкција и зголемување               Реконструкција за зголемување
на капацитет на вреловод –                      на капацитет на секундарен
бул.„Св.Кирил и Методиј“                           вреловод С1.020.030.100.060

2015-9

Нов секундарен  вреловод                     Изведба на нов секундарен
за објекти на ул. М.Ш.Шарло                  вреловод С1.020.030.120.025