Инвестиции во 2017 година


Во 2017 година, Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ги реализираше следните инвестициски проекти со цел проширување на дистрибутивната мрежа, како и одржување на стабилна, квалитетна и ефикасна испорака на топлинската енергија до потрошувачите:

  1. Изградба
  • Изградба на секундарен вреловод на ул.Даскал Камче

Вреловодот беше изграден со цел создавање на услови за приклучување на нови потрошувачи на оваа улица. Поставени се предизолирани цевки, со должина од околу 75 метри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Изградба на секундарен вреловод на ул.Костурски Херои

Вреловодот беше изграден со цел создавање на услови за приклучување на нови потрошувачи на оваа улица. Поставени се предизолирани цевки, со должина од околу 50 метри.

 

 

 

  1. Дислокација и проширување
  • Дислокација и проширување на вреловод Е2

Во склоп на интеграцијата на дистрибутивната мрежа, во 2017 година беше извршена дислокација и проширување на дел од вреловодот Е2. На овој начин се креира можност за снабдување на потрошувачите поврзани на западниот дел од дистрибутивната мрежа со енергетски поефикасно произведена енергија од производните постројки приклучени на источниот дел од дистрибутивната мрежа, односно ТО Исток, како понова и посовремена топлана, како и когенеративната постројка ТЕ-ТО, која поради самиот принцип на работа (производство на електрична и топлинска енергија) овозможува енергетски поефикасно производство на топлина.

Оваа интервенција овозможи замена на постоечките дотраени цевки со предизолирани системи, во должина од околу 1100 метри, во најголем дел до димензија од DN500.