Инвестиции во 2018 година


Во 2018 година, Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ги реализираше следните инвестициони проекти со цел проширување на дистрибутивната мрежа, како и одржување на стабилна, квалитетна и ефикасна испорака на топлинската енергија до потрошувачите:

  1. Изградба
  • Изградба на секундарен вреловод на ул.„Преспанска“

Како дел од активностите за проширување на дистрибутивната мрежа и создавање на услови за приклучување на нови потрошувачи, во 2018 година изведен е секундарен вреловод на ул.„Преспанска“, со вкупна должина од околу 250 метри.

 


 

 

 

 

 

 

 

 

  

 

  • Изградба на секундарен вреловод на ул.„Мајка Тереза“

Со цел приклучување на нови потрошувачи на овој дел од градот, изграден е секундарен вреловод, во должина од околу 100 метри, со димензија DN100.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

  

 

  • Изградба на секундарен вреловод на ул.„Новопроектирана 4“ – втора фаза

Првата фаза од изградбата на овој вреловод беше завршена во 2016 година. Во 2018 година се заврши и втората фаза на изградбата на нов вреловод во должина од околу 80 метри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Изградба на секундарен вреловод на ул. „Манапо“

Со продолжување на постоечкиот вод на оваа улица се овозможи приклучување на дополнителни објекти на овој дел од градот. Вкупната должина на новиот вреловод е околу 65 метри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  1. Реконструкции, дислокација и проширување:
  • Реконструкција со дислокација и проширување на магистрален вод А1

Реконструкцијата, со дислокација и проширување на магистралниот вод А1 е планирана да се врши во неколку фази, од кои во 2018 година беа завршени 3 фази. Со оваа активност се изврши зголемување на дијаметарот на магистралниот вреловод, со што се зголеми конзумот кој може да се приклучи, односно конзумот кој може да се снабдува од поефикасен извор на топлинска енергија – ТО Исток, како понова и посовремена топлана, како и когенеративната постројка ТЕ-ТО, која поради самиот принцип на работа (производство на електрична и топлинска енергија) овозможува енергетски поефикасно производство на топлина. Исто така, се подобри ефикасноста, односно се намалија загубите на топлинска енергија преку трансмисија, бидејќи дотраените делници беа заменети со високо ефикасни предизолирани цевки.

  • Реконструкција со дислокација и проширување на магистрален вод А1 од ТО Исток

Вкупната реконструкција беше во должина од околу 510 метри, со димензии на цевководите DN500 и DN700.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Реконструкција со дислокација и проширување на магистрален вод А1, преку река Вардар – мост Транспортен центар

Вкупната реконструкција беше во должина од околу 200 метри, со димензја на цевководите во најголем дел DN600.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Реконструкција со дислокација и проширување на магистрален вод А1, од ул.Кеј 13-ти Ноември до бул.Кочо Рацин, со пропратен новопроектиран вод

Вкупната реконструкција беше во должина од околу 310 метри, со димензја на цевководите во најголем дел DN700.