Инвестиции во 2019 година


Во текот на 2019 година Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ изврши вкупно проширување и зголемување на должината на дистрибутивниот мрежа и приклучоци за 950 метри. Ги реализиравме следните инвестициони проекти на дистрибутивната мрежа:

  • Изградба на споен вреловод А1.150.040 со вреловод Б1.190 преку ул.Герман

Како дел од активностите за интеграција на дистрибутивната мрежа и зголемување на ефикасноста на процесот на дистрибуција на топлинска енергија, во 2019 година изведен е споен вреловод преку ул.„Герман“, со вкупна должина од околу 230 метри.

 

  • Изградба на секундарен вреловод до објекти на ул. М. Т. Гологанов – крак 2

Со цел приклучување на нови потрошувачи на овој дел од градот, изграден е секундарен вреловод, во должина од околу 100 метри, со димензија DN125.

 

  • Изградба на секундарен вреловод на ул. Пресека до објекти на ул. Сливовска

Како дел од активностите за проширување на дистрибутивната мрежа и создавање на услови за приклучување на нови потрошувачи, во 2019 година изведен е секундарен вреловод на ул.Пресека до објекти на ул.Сливовска, со вкупна должина од околу 100 метри

 

  • Изградба на вреловод до населба АЛЕКСАНДРИЈА

Со цел поврзување на објектите во новата населба Александрија на системот за дистрибуција на топлинска енергија, во 2019 година беше изграден нов вреловод со вкупна должина од околу 440 метри.

 

  • Изградба на вреловод за објекти на ул.Пандил Шишков

За поврзување на нови објекти на системот за дистрибуција на топлинска енергија на ул.Пандил Шишков во населбата Аеродром, во 2019 година беше изграден нов вреловод со вкупна должина од околу 70 метри.