Огласи за вработување


Кадровско екипирање

Во насока на постојано унапредување на кадровската екипираност на компанијата, Дистрибуција на топлина Балкан енерџи секогаш е отворена да им даде шанса на лицата со различни професионални профили кои се подготвени да работат по највисоките професионални стандарди.

Во следниот период компанијата ќе има потреба од вработување на лица со следни

  • Машино-монтери – дел од екипата за одржување на дистрибутивната мрежа и топлинските станици

Овие лица е неопходно да имаа стручна подготвка 4/3 -ССС, ССЗ машински техничар, монтер на уреди за греење, браварска струка. Работното искуство во иста или сродна дејност е пожелно, но не неопходно. Лицата треба да поседуваат возачка дозвола Б категорија.

  • Диспечер за мониторинг и управување на дистрибутивен систем

Овие лица е неопходно да имаат минимум стручна подготовка  4/3 – ССС/ ССЗ – техничко образование. ВСС ќе се смета за предност. Работното искуство не е неопходно. Лицата треба да поседуваат возачка дозвола Б категорија и да имаат познавање на  Microsoft Office.

Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да се пријават. Апликацијата ќе биде разгледана и евидентирана во нашата база на потенцијални вработени и кога вашите квалификации ќе соодветствуваат на потребите за одредена отворена позиција, ќе бидете повикани на разговор за учеството во процесот на вработување.


Во моментов нема активни огласи