Отстранет дефект на мрежа во Кисела Вода



По интервенција на екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи, отстранет е дефектот во Кисела Вода, кој во текот на вчерашниот ден предизвика привремен прекин на испорака на топлинска енергија за објектите:

  • дел од потрошувачите на ул. Христо Татарчев
  • дел од потрошувачите на ул. Димо Х.Димов
  • дел од потрошувачите на ул. Вера Јоциќ
  • дел од потрошувачите на ул. Пушкинова
  • дел од потрошувачите на ул. Георги Димитров
  • ул.Божидар Аџија
  • ул.Боте Боцевски
  • ул.Марко Цепенков
  • ул.Тоне Томишиќ
  • ул. Дичо Петров
  • ул.Никола Добровиќ
  • ул. Иван Козаров
  • ул. Тодор Паница
  • ул. Михаил Евтихиј
  • ул. Доситеј Обрадовиќ
  • ул.  М. Михајловски
  • ул. К Крстевски

Со санација на дефектот воспоставено е редовно снабдување со топлинска енергија за сите потрошувачи од објектите на овие улици.

Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи редовно ја следат состојбата на дистрибутивната мрежа и се подготвени брзо да интервенираат доколку има потреба.

Потрошувачите можат да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот бројот 02/3076-200 или 075/400-100, со праќање СМС-порака на броевите: 078/207-056, 070/369-337 како и преку веб страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи, во кој било дел од денот.