Подготовки за отпочнување на грејната сезона 2020/2021



Законските прописи предвидуваат дека грејната сезона може да започне од први октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 120С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Компанијата „Дистрибуција на топлина Балкан енерџи“ е целосно подготвена за сигурна и безбедна испорака на топлинска енергија преку системот за дистрибуција во грејната сезона 2020/2021.