Управувањето во Друштвото е организирано согласно одредбите на Законот за трговските друштва и со него управува Управител, кој се именува за неопределено време. Друштвото функционира како заокружена организациско-технолошка целина со јасно дефинирани оперативни задачи, кои произлегуваат од обврските на Лиценцата за енергетската дејност од јавен интерес која ја поседува.
Друштвото е организирано во 8 работни единици:
-
РЕ за надзор и прием на дистрибутивни постројки и топловоди
-
РЕ за дистрибуција на топлинска енергија и одржување на дистрибутивниот систем
-
РЕ за санација на дефекти во дистрибутивен систем
-
РЕ за мониторинг и управување на дистрибутивен систем
-
РЕ за планирање, анализа и предфактурирање на топлинска енергија
-
РЕ за развој, инвестиции и проширување на дистрибутивен систем
-
РЕ за правни и општи работи
-
РЕ за економско-финансиски работи