Со цел заштита на внатрешната грејна инсталација на објектите од корозија и продолжување на векот на експлоатација на истата, во периодот по завршување на грејната сезона и до почетокот на следната грејна сезона, Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје нема да врши затворање на објектите и истите ќе бидат континуирано одржувани под статички притисок со хемиски припремена вода. Потрошувачите кои имаат потреба од било какви интервенции во внатрешната грејна инсталација и имаат потреба од привремено празнење на водата, треба да се обратат во најблиската подружница на Снабдување со топлина Балкан Енерџи. Операторот на дистрибутивниот систем не одговара за штета предизвикана од неовластено интервенирање на внатрешната инсталација.