Почеток на грејна сезона


Почитувани Потрошувачи, Дозволете да Вe потсетиме на Вашите обврски за навремена подготовка на Вашите грејни инсталации за новата грејна сезона и создавање услови за испорака на топлинска енергија до Вашите домови на првиот ден на грејната сезона:

  1. Пријавете ја секоја завршена интервенција на Вашата грејната инсталација заради која објектот бил испразнет, на телефонскиот број (02) 3076-200;
  2. Обезбедете непречен пристап на службените лица до топлинската станица, што подразбира типски клучеви на соодветните врати, како и на вратата на самата топлинска станица;
  3. Обезбедете постојано напојување со електрична енергија на топлинската станица (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и исправна електрична инсталација до топлинската станица), а по отстранувањето на евентуалните проблеми, пријавете го тоа на телефонскиот број (02) 3076-200