
Поради дефект на директен приклучок за објект на улица Милан Марковиќ , без греење од 12 часот ќе останат објектите на улица Милан Марковиќ, Копачка, Леринска и Стрезово.
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санација на дефектот, се очекува во попладневните часови испораката на топлина да биде нормализирана.
За повеќе информации обратете се во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 3076 200.