Дефект на дистрибутивната мрежа во општина Центар



Поради дефект на дистрибутивната мрежа на улица Отон Жупанчич во општина Центар, без греење вечерва ќе бидат корисниците на следните објекти:

  • Ул. Отон Жупанчич бр.15 и 22
  • Ул. Антоније Грубишиќ бр.16 и 18
  • Ул. Ѓуро Ѓаковиќ (Мирослав Крлежа) бр.65

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи се на терен и работат на санација на проблемот. Според проценката, се очекува наредниот ден да биде нормализирана испораката на топлинска енергија.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200