
Поради дефект на магистрален вод на улица Народен Фронт , без греење од 20 часот ќе останат објектите на:
- улица Козара број 5
- улица Васил Ѓоргов број 7
- улица Мајка Тереза број 1, 2 (ББ), 5 и 35
- улица 50 Дивизија број 15
- улица Јордан Мијалков број 2, 8 и 18
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи во текот на ноќта ќе работат на санација на дефектот, за во утринските часови испораката на топлина да биде нормализирана.
За повеќе информации обратете се во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 3076 200.