
Поради дефект на вод на улица Васил Ѓоргов, без греење од 15:30 до 17 часот ќе останат објектите на:
- улица Бел Камен број 4, 6 и 7
- улица Васил Ѓоргов број 7
- булевар Мајка Тереза број 2
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санација на дефектот.
За повеќе информации обратете се во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 3076 200.