Дефект на мрежа на Водно



Поради дефект на дистрибутивната мрежа на улица Питу Гули без греење ќе останат објектите на следните улици:

  • поголем дел од потрошувачите на ул. Питу Гули
  • дел од потрошувачите на ул.Ацо Караманов
  • дел од потрошувачите на ул.Димитар Пандилов

Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санација на дефектот, по што испораката ќе биде нормализирана.

За повеќе информации обратете се во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 3076 200.