Дефект на мрежа во населба Аеродром



Поради дефект на дистрибутивната мрежа во населба Аеродром, следниве објекти попладнево ќе бидат без греење:

  • улица Владимир Комаров (23-ти Октомври) број 7, 8, 9 и 10
  • сите објекти на булевар Кузман Јосифовски Питу
  • сите објекти на улица Бојмија
  • сите објекти на улица Симеон Кавракиров
  • сите објекти на улица Петар Ацев
  • сите објекти на улица Анастас Митрев

Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санација на дефектот.

Се очекува истиот да биде саниран вечерва, по што ќе биде воспоставена нормална испорака на топлина до потрошувачите од тој реон.