
Поради дефект на вод на булевар Јане Сандански, без греење од 21 часот ќе останат објектите на булевар Јане Сандански (парни броеви), кои се наоѓаат во реонот од булеварот до касарната Гоце Делчев и од ТЦ Бисер до ОУ Љубен Лапе.
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи во текот на ноќта ќе работат на санација на дефектот, за во утринските часови испораката на топлина да биде нормализирана.
За повеќе информации обратете се во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 3076 200.