
Поради дефект на вод на улица Ганчо Хаџипанзов, без греење се објектите на:
- улица Питу Гули број 56
- улица Капиштец број 10, 24, 26, 28 и 30
- улица Ганчо Хаџипанзов број 5, 6, 7, 9, 10, 10а, 11, 16, 18, 20, 22, 26, 28, 34
- улица Загребска број 27
Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи интензивно работи на обезбедување на пристап до делот од мрежата кој треба да се санира, со цел што поскоро да се нормализира испораката на топлина.
За повеќе информации обратете се во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 3076 200.