
Поради дефект на дистрибутивната мрежа на бул.11-ти Октомври, без греење ќе останат објектите на следните улици во општина Центар:
- ул.Димитрие Чуповски бр.4, вклучувајќи го и Театарот за деца и младинци
- ул.Македонија бр.22
- ул.11-ти Октомври бр.2
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санација на дефектот, кој се очекува да биде завршен во текот на денешниот ден, по што испораката ќе биде нормализирана.
За повеќе информации обратете се во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 3076 200.