
Поради дефект на мрежа на улица Донбас, попладнево без греење ќе останат објектите во близина на дефектот, на следните адреси:
- улица Орце Николов, број 138, 141, 143 и 145
- улица Донбас број 6, 10, 11 и 14
- улица Андон Дуков број 3
- улица Алберт Ајнштајн број 4, 6, 7 и 8
- булевар Илинден број 81 и 83
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санација на дефектот, кој се очекува да биде завршен во текот на ноќните часови.