Дефект на вод за Автокоманда



Поради дефект на дистрибутивната мрежа на секундарниот вод за Автокоманда без греење ќе останат објектите на следните адреси:
  • Архимедова бб – Природно – математички факултет
  • Архимедова бр.3 – Студентски дом Стив Наумов
  • Архимедова бр.5 – Хемиски факултет
  • Архимедова бр.6
  • Едвард Кардељ бб – Шумарски факултет
  • Едвард Кардељ бб – Земјоделски факултет
  • Едвард Кардељ бб – Ботаничка градина
  • Едвард Кардељ бб – Институт за проучување на почви
  • Едвард Кардељ бб – Пицерија Смок
  • Интернационални бригади бб – Противпожарен дом
  • Лазар Поптрајков бр.5 – Факултет за ветерина и Ветеринарна болница
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи се на терен и се очекува испораката да се нормализира во најкраток можен рок.