Дефект во Карпош 4



Поради дефект на приклучок за објектот на улица Разловечко Востание број 2А , без греење од 14 часот ќе останат објектите на:

  • улица Разловечко Востание број 1, 2, 2А, 4 (низ 2), 18, како и детската градинка
  • улица Вич број 2, 4, 8 и 10 (низ 3)
  • улица Љубљанска број 1
  • улица Волгоградска број 2 и 4
  • улица Невеска број 2 и 4
  • улица Воденска број 1 и 4

Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи работат на санација на дефектот, по што испораката ќе биде нормализирана.

За повеќе информации обратете се во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 3076 200.