
Испораката на топлинска енергија за потрошувачите во општина Центар, на улиците Отон Жупанчич, Антоније Грубишиќ и Мирослав Крлежа (Ѓуро Ѓаковиќ), кои во текот на вчерашниот ден останаа без греење поради дефект на дистрибутивната мрежа, е нормализирана. Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи во текот на вчерашниот ден успеаја да го санираат дефектот и да ја нормализираат испораката на топлинска енергија.