Инвестиции во 2016 година


Во 2016 година, Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ги реализираше следните инвестициски проекти, со цел проширување на дистрибутивната мрежа, како и одржување на стабилна, квалитетна и ефикасна испорака на топлинската енергија до потрошувачите:

1.Изведба на вод за приклучување на објекти на ул. “14-ти Декември”

Водот е изграден со цел создавање на услови за приклучување на нови потрошувачи на оваа улица. Поставени се предизолирани цевки, со должина од 64 метри, со димензија DN65.

   

 

2. Изведба на вод за приклучување на објектите на ул. “Новопроектирана 4” (фаза 1)

Водот е изграден со цел создавање на услови за приклучување на нови потрошувачи на оваа улица. Поставени се предизолирани цевки, со должина од околу 56 метри и димезија на водот DN80 и DN100.

     

 

3. Реконструкција и проширување на вод на ул.”Владимир Полежановски”

Извршена е реконструкција и проширување на секундарниот вод на ул.„Владимир Полежиновски“, DN100 – DN150, делница во вкупна должина од 192.5 метри. Реконструкцијата е извршена со замена на постоечките дотраени цевки со нови предизолирани цевки. Главната цел на оваа реконструкција беше да се зголеми доверливоста на овој дел од мрежата и да се намалат топлинските загуби од трансмисија.

    

 

4. Реконструкција со дислокација на вод по бул. “3-та Македонска бригада”

Реконструкцијата со дислокација е извршена на делница со вкупна должина од 674 метри, со различни дијаметри, но во најголем дел со дијаметар од DN350. Вреловодот е изграден со предизолирани цевки, со што значително се намалуваат топлинските загуби.

     

Вкупната должина на цевки, при изведба на нови и реконструирани делници, во 2016 година изнесува 1.972m.