Инвестиции во 2015 година


Во 2015 година, Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ реализираше повеќе инвестициони проекти со цел подобра и поквалитетна испорака на топлинската енергија до потрошувачите:

1.Изградба на Препумпна станица 11 Октомври

2015-1Со цел интегрирање, односно целосно поврзување на системот за дистрибуција на топлинска енергија, што меѓу другото подразбира и предавање на топлинска енергија од топлана Исток кон дистрибутивната мрежа на ТО 11 Октомври (која повеќе не е активна), изградена е Препумпна станица 11 Октомври. Станицата вклучува 2 главни пумпи и една резервна на довод (капацитет 900m3/h) и една пумпа на поврат.

Со оваа инвестиција се овозможи целосно исклучување на ТО 11 Октомври, и пренос на нејзиниот конзум, околу 41,5 MW инсталиран капацитет, на ТО Исток.

 

Реализирани инвестиции во 2015 година:

1.Реконструкција на вод од Гимназија Јосип Броз до ТЦ “Палома Бјанка”

Извршена е реконструкција на секундарниот вод од Гимназијата Јосип Броз Тито до ТЦ „Палома Бјанка“, DN250, делница во вкупна должина од 169.5m, . Реконструкцијата е извршена со замена на постоечките дотраени цевки со нови предизолирани цевки. Главната цел на оваа реконструкција беше да се зголеми доверливоста на овој дел од мрежата и да се намалат топлинските загуби од трансмисија. Проценетото намалување на топлинските загуби на оваа делница, со реализација на овој проект, на годишно ниво е од 53,12 MWh на 20,15 MWh.

2015-2

Состојба на вод пред                            Состојба на вод по
реконструкција                                   реконструкција

 

2. Реконструкција на вод преку мост кај “Спортска медицина”

Реконструкцијата е извршена на делницата преку мостот кај „Спортска медицина“, преку реката Вардар, во должина од 160 метри и дијаметар на цевковод DN150. Стариот цевковод беше инсталиран пред 35 години. Проценетото намалување на топлинските загуби на оваа делница, со реализација на овој проект, на годишно ниво е од 39,5MWh на 17,19MWh.

2015-3

Состојба на вод пред                            Состојба на вод по
реконструкција                                   реконструкција

 

3. Реконструкција на вод од ул. “Франклин Рузвелт” кон Топлана Запад

Вкупната должина на реконструкцијата и зголемување на капацитет на делницата од ул.„Франклин Рузвелт“ кон ТО Запад, е 194 метри. Дијаметарот на цевководот беше зголемен од DN350 на DN450, од причина што токму оваа делница создаваше „тесно грло“ на овој дел од мрежата. Проценетото намалување на топлинските загуби на оваа делница, со реализација на овој проект, на годишно ниво е од 74,74MWh на 29,4MWh.

2015-4

Состојба на вод пред                            Состојба на вод по
реконструкција                                   реконструкција

 

4. Реконструкција со дислокација на вод околу тераса на “Хотел Карпош”

Оваа инвестиција вклучуваше реконструкција и дислокација на дел од магистралниот вреловод во вкупна должина од 74,5 m, при што дијаметарот на овој дел од вреловодот, кој претставуваше „тесно грло“, се зголеми од DN350 на DN450.

Дислокацијата, во должина од 35 метри, беше потребна поради тоа што дел од дотраената делницата поминуваше под објектот на Хотел Карпош, со што беше оневозможен пристап до цевките во случај на дефект.

Реконструкцијата и дислокацијата целосно беа изведени со предизолирани цевки.

2015-5

Состојба на вод пред                            Состојба на вод по
реконструкција                                   реконструкција

 

5. Реконструкција со дислокација на вод околу “СП Маркет” на пазар Тафталиџе

Реконструкцијата со дислокација беше извршена на делница со вкупна должина од 167 метри (во најголем дел со дијаметар од DN250), која поминува директно под објектот на маркетот „Скопски Пазар“ кај пазарчето Тафталиџе. Доколку не се изведеше оваа инвестиција, во случај на дефект, неговото отклонување би било многу комплициран и долг процес, при што без греење би останале околу 11,5 MW конзум. Староста на оваа делница беше околу 42 години. Новиот вреловод е изграден со предизолирани цевки, со што значително се намалуваат топлинските загуби.

2015-6

Состојба на вод пред                            Состојба на вод по
реконструкција                                   дислокација

 

6. Реконструкција со дислокација на вод околу детска градинка “13-ти Ноември”

Оваа инвестиција вклучуваше реконструкција со дислокација на еден дел од делницата, во вкупна должина од 106 метри (DN125 и DN150). Дислокација е направена на делот од цевководот кој поминува под објектот на градинката „13-ти Ноември“, со цел да се овозможи подобар пристап во случај на потреби за одржување или дефект. Проценетото намалување на топлинските загуби на оваа делница, со реализација на овој проект, на годишно ниво е од 25,09MWh на 10,92MWh.

2015-7

Состојба на вод пред                            Состојба на вод по
реконструкција                                   реконструкција

 

7. Реконструкција на вод за приклучување на објекти на ул.”Методија Шаторов Шарло”

Извршена е реконструкција на секундарниот вод на ул. „Методија Шаторов Шарло“, DN65 и DN100, делница во вкупна должина од 102.5m. Целта на оваа реконструкција беше да се овозможи приклучување на објекти на оваа улица, како и подобрување на термалните каратеристики на постојниот вод, преку поставување на предизолирани цевки.

 

 

8. Изведба на вод за приклучување на објекти во близина на ул.”Методија Шаторов Шарло” бр.10

Изведен е нов секундарен вод во близина на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр.10, DN80 и DN100, делница во вкупна должина од 85.5m. Целта на оваа реконструкција беше да се овозможи приклучување на објекти кои се наоѓаат во близина на овој објект.

     

 

9. Изведба на вод за приклучување на објекти на ул. “Методија Шаторов Шарло”

Изведен е нов секундарен вод на ул. „Методија Шаторов Шарло“, DN80 и DN100, делница во вкупна должина од 80m. Целта на оваа реконструкција беше да се овозможи приклучување на објекти кои се наоѓаат на оваа улица.

     

 

10. Реконструкција и зголемување на капацитет на вод на бул.”Св.Кирил и Методиј”

Реконструкцијата, со зголемување на капацитетот, на бул. „Св.Кирил и Методиј“ е направена на делница со вкупна должина од 40m и димензија на вод DN450.

    

Вкупната должина на цевки, при изведба на нови и реконструирани делници, во 2015 година изнесува 2.356m.