Инвестиции во 2017 година


Во 2017 година, Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ги реализираше следните инвестициски проекти со цел проширување на дистрибутивната мрежа, како и одржување на стабилна, квалитетна и ефикасна испорака на топлинската енергија до потрошувачите:

1.Изведба на вод по ул. “Даскал Камче”

Водот е изграден со цел создавање на услови за приклучување на нови потрошувачи на оваа улица. Поставени се предизолирани цевки, со должина од  70 метри и димензија DN50.

    

 

2.Изведба на вод за приклучување на објекти на ул. “Костурски Херои”

Водот е изграден со цел создавање на услови за приклучување на нови потрошувачи на оваа улица. Поставени се предизолирани цевки, со должина од околу 50.5 метри и димензија во најголем дел од DN65.

 

3. Реконструкција со дислокација и проширување на вод по ул. “Народен Фронт”

Во склоп на интеграцијата на дистрибутивната мрежа, во 2017 година беше извршена реконструкција со дислокација и проширување на дел од водот по ул. „Народен фронт“. На овој начин се креираше можност за снабдување на потрошувачите поврзани на западниот дел од дистрибутивната мрежа со енергетски поефикасно произведена енергија од производните постројки приклучени на источниот дел од дистрибутивната мрежа. Односно ТО Исток, како понова и посовремена топлана, како и когенеративната постројка ТЕ-ТО, која поради самиот принцип на работа (производство на електрична и топлинска енергија) овозможува енергетски поефикасно производство на топлина.

Оваа интервенција овозможи замена на постоечките дотраени цевки со предизолирани системи, во должина од 1073 метри, во најголем дел до димензија од DN500.

     

 

Вкупната должина на цевки, при изведба на нови и реконструирани делници, во 2017 година изнесува 2.388m.