Во 2018 година, Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ги реализираше следните инвестициони проекти со цел проширување на дистрибутивната мрежа, како и одржување на стабилна, квалитетна и ефикасна испорака на топлинската енергија до потрошувачите:
1.Изведба на вод за приклучување на објекти на ул.”Преспанска”
Како дел од активностите за проширување на дистрибутивната мрежа и создавање на услови за приклучување на нови потрошувачи, во 2018 година изведен е секундарен вреловод на ул.„Преспанска“, со вкупна должина од околу 250 метри, во најголем дел со димензии од DN100 до DN150.
2.Изведба на вод до објекти на ул. “Мајка Тереза”
Со цел приклучување на нови потрошувачи на овој дел од градот, изграден е секундарен вреловод, во должина од 102 метри, со димензија DN100.
3.Изведба на вод за приклучување на објекти на ул. “Новопроектирана 4” (фаза 2)
Првата фаза од изградбата на овој вреловод беше завршена во 2016 година. Во 2018 година се заврши и втората фаза на изградбата на нов вреловод во должина од 80.5 метри.
4.Изведба на вод до објект “Гарден Сити” на ул.7
Со продолжување на постоечкиот вод на оваа улица се овозможи приклучување на дополнителни објекти на овој дел од градот. Вкупната должина на новиот вод е 64 метри и димезија DN150.
Реконструкција со дислокација и проширување на магистрален вод А1
Реконструкцијата, со дислокација и проширување на магистралниот вод А1 е планирана да се врши во неколку фази, од кои во 2018 година беа завршени 3 фази. Со оваа активност се изврши зголемување на дијаметарот на магистралниот вод, со што се зголеми конзумот кој може да се приклучи, односно конзумот кој може да се снабдува од поефикасен извор на топлинска енергија – ТО Исток, како понова и посовремена топлана, како и когенеративната постројка ТЕ-ТО, која поради самиот принцип на работа (производство на електрична и топлинска енергија) овозможува енергетски поефикасно производство на топлина. Исто така, се подобри ефикасноста, односно се намалија загубите на топлинска енергија преку трансмисија, бидејќи дотраените делници беа заменети со високо ефикасни предизолирани цевки.
1.Реконструкција со дислокација и проширување на дел од вод А1 од Топлана Исток
Вкупната реконструкција беше во должина од 509 метри, со димензии на цевководите DN500 и DN700.
2.Изведба на вод преку река Вардар на ул.” Беласица”, Мост Транспортен Центар
Вкупната должина на водот е 202.5 метри, со димензја на цевководите во најголем дел DN600.
3. Реконструкција со дислокација и проширување на вод А1 од ул. “Кеј 13-ти Ноември” до бул. “Кочо Рацин”
Вкупната реконструкција беше во должина од 308 метри, со димензја на цевководите во најголем дел DN700.
Вкупната должина на цевки, при изведба на нови и реконструирани делници, во 2018 година изнесува 3.031m.