Во текот на 2019 година Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ги реализираше следните инвестициони проекти на дистрибутивната мрежа:
1.Изведба на споен вод преку ул. “Герман”
Како дел од активностите за интеграција на дистрибутивната мрежа и зголемување на ефикасноста на процесот на дистрибуција на топлинска енергија, во 2019 година изведен е споен вод преку ул.„Герман“, со вкупна должина од 22.5 метри.
2.Изведба на вод до објекти на бул. “М.Т.Гологанов” – крак 2
Со цел приклучување на нови потрошувачи на овој дел од градот, изграден е секундарен вод, во должина од 102 метри, со димензија DN125.
3.Изведба на вод на ул.”Пресека” до објекти на ул.”Сливовска”
Како дел од активностите за проширување на дистрибутивната мрежа и создавање на услови за приклучување на нови потрошувачи, во 2019 година изведен е секундарен вод на ул.Пресека до објекти на ул.Сливовска, со вкупна должина од 107.5 метри
4.Изведба на вод за приклучување на објекти во населба “Александрија”
Со цел поврзување на објектите во новата населба „Александрија“ на системот за дистрибуција на топлинска енергија, во 2019 година беше изграден нов вод со вкупна должина од 444,5 метри.
5.изведба на вод на ул. “Пандил Шишков”
За поврзување на нови објекти на системот за дистрибуција на топлинска енергија на ул.Пандил Шишков во населбата Аеродром, во 2019 година беше изграден нов вод со вкупна должина од околу 72 метри.
Вкупната должина на цевки, при изведба на нови и реконструирани делници, во 2019 година изнесува 1.497m.