Инвестиции во 2020 година


Во 2020 година, Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ги реализираше следните инвестициони проекти со цел проширување на дистрибутивната мрежа, како и одржување на стабилна, квалитетна и ефикасна испорака на топлинската енергија до потрошувачите:

1. Реконструкција со дислокација на вод Е2 во парк “Македонија”

Извршена е реконструкција со дислокација на водот Е2, во парк „Македонија“, во најголем дел DN500, делница во вкупна должина од 463 метри. Реконструкцијата е извршена со замена на постоечките дотраени цевки со нови предизолирани цевки.

2. Реконструкција и зголемување на капацитет на вод по бул. “Борис Трајковски”

Реконструкцијата, со зголемување на капацитетот, на бул. „Борис Трајковски“ е направена на делница со вкупна должина од 508 метри и димензија на вод DN250. Со оваа реконструкција се подобрија термалните карактеристики на водот и се отвори можност за приклучување на дополнителен конзум.

3. Реконструкција на вод на бул.”Кочо Рацин”, во близина на Олимписки Базен

Реконструкцијата на водот на бул.“Кочо Рацин“, во близина на Олимписки базен, е направена на делница со вкупна должина од 122 метри и димензија на цевки во најголем дел DN200.

4. Реконструкција на вод на ул. “Битпазарска”

Извршена е реконструкција на водот на ул.„Битпазарска“, DN200, делница во вкупна должина од 166 метри. Реконструкцијата е извршена со замена на постоечките дотраени цевки со нови предизолирани цевки.

5. Реконструкција на вод ул.”Орце Николов”

Реконструкцијата на водот на ул.“Орце Николов“ е направена на делница со вкупна должина од 67,5 метри и димензија на цевки во најголем дел DN50.

6. Реконструкција на вод Б2.060 под бул.”Партизански Одреди”

Реконструкцијата на водот Б2.060 под бул.„Партизански одреди“ е направена на делница со вкупна должина од 26 метри и димензија на вод DN150. Реконструкцијата се изведе со протнување на цевките под булеварот.

7. Реконструкција на вод Б2.040 под бул.”Партизански Одреди”

Реконструкцијата на водот Б2.040 под бул.„Партизански одреди“ е направена на делница со вкупна должина од 31,5 метри и димензија на вод DN200. Реконструкцијата се изведе со протнување на цевките под булеварот.

8. Изведба на вод за приклучување на објекти на бул.”Илинден” – Имес

Изведен е нов секундарен вод на бул. „Илинден“, во близина на ресторанот „Имес“, делница во вкупна должина од 441,5m. Целта на оваа реконструкција беше да се овозможи приклучување на објекти во овој дел од градот.

Вкупната должина на цевки, при изведба на нови и реконструирани делници, во 2020 година изнесува 3.650m.