
Испораката на топлинска енергија преку централниот вреловоден систем утринава се одвива нормално.
Oтстранет е дефект на дистрибутивната топлинска мрежа во населбата Тафталиџе 1, општина Карпош кој предизвика времен прекин на испораката на топлинска енергија кај потрошувачите. Испораката на топлинска енергија за потрошувачите на Снабдување со топлина Балкан енерџи е целосно нормализирана и сите потрошувачите во утринските часови имаат навремена испорака на топлинска енергија.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200