
Поради изградба на линиски инфраструктурен објект – вреловод, со кој треба да се овозможи снабдување со топлинска енергија на новата населба „Александрија“, сообраќајот на дел од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Петар Чулев“ во општина Карпош, ќе се одвива со изменет режим на сообраќај.
За изведување на градежните активности за поставување на новиот вреловод, „Дистрибуција со Толина – Балкан енерџи“ поседува одобрение за градење и одобрение за измена на режимот на сообраќај, издадени од Град Скопје.
„Дистрибуција со топлина – Балкан енерџи“ интензивно работи на поставување на новиот вреловод, со цел во најкраток временски рок да се воспостави редовно одвивање на сообраќајот. Ги замолуваме сите граѓани и учесници во сообраќајот да покажат разбирање и воедно да ја почитуваат поставената патна сигнализација со која се обезбедува неопходната проточност на сообраќајот.
Реализацијата на оваа инвестиција е од големо значење за потрошувачите на топлинска енергија приклучени на системот за централно греење со кој управува БЕГ. Оваа инвестиција е дел од инвестициската програма на „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи“, со чија целосна реализација се зголемува енергетската ефикасност на дистрибутивниот систем за топлинска енергија и подобрување на квалитетот на животната средина во Скопје.