
Заради санирање на дефект на вреловодна мрежа, сообраќајот на крстосницата помеѓу булеварот „Јане Сандански“ и булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ во општина Аеродром, ќе се одвива со изменет режим на сообраќај.
За изведување на активностите за санација на дефектот на вреловодната мрежа, „Дистрибуција со Топлина – Балкан енерџи“ поседува уредна дозвола, а соодветно се информирани сите надлежни институции.
Екипите на „Дистрибуција со топлина – Балкан енерџи интензивно работат на санирање на дефектот, за да може во најкраток можен временски рок да се воспостави редовно одвивање на сообраќајот.