Нормализирана испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во општина Аеродром



Поради дефект на вреловод во општина Аеродром, во утринските часови не добија навремена испорака на топлинска енергија објектите на следниве адреси:

–          Булевар Јане Сандански број 24, 26, 30, 32, 34, 36, 38, 40, 48, 50, 54, 56, 58, 60, 62, 70, 72, 74 и 76

–          Улица Васко Карангелевски ББ

–          Улица 3 Македонска бригада број 45 и 47

–          Улица 1615 број 4, 10, 12 и 16

Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи интензивно работеа на санација на дефектот и истата беше завршена во најкраток можен рок. Од 13:00 часот, нормализирана е испораката на топлинска енергија за потрошувачите од гореспоменатите објекти од општина Аеродром.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.