
Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи го санираа дефектот во дистрибутивна топлинска мрежа што се појави вчера на дел од територијата на општина Карпош и се воспоставени услови за нормална испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи на улиците:
Ул. Прашка број 28, 36, 38 и 42
Ул. Варшавска ББ (Пензиска комисија) како и број 5, 5А, 6А и 10
Ул. Букурешка број 2, 3, 5, 7, 9, 23, 25, 39, 41 и 43
Ул. Париска број 1, 5, 9, 11, 11А, 13 и 48
Ул. Ташкентска број 2Б, 4Б и 8
Бул. Партизански одреди ББ (Институт за социолошко политичко правни истражувања)
Потрошувачите од овој реон имаат навремена испорака на топлинска енергија, согласно редовната динамика.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.