Отстранет дефект на мрежа на Водно



По интервенција на екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи, отстранет е дефектот на мрежа на Водно, кој во текот на вчерашниот ден предизвика привремен прекин на испорака на топлинска енергија за:

  • поголем дел од потрошувачите на ул. Питу Гули
  • дел од потрошувачите на ул.Ацо Караманов
  • дел од потрошувачите на ул.Димитар Пандилов

Со санација на дефектот воспоставено е редовно снабдување со топлинска енергија за сите потрошувачи од објектите на овие улици.

Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи редовно ја следат состојбата на дистрибутивната мрежа и се подготвени брзо да интервенираат доколку има потреба.

Потрошувачите можат да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот бројот 02/3076-200 или 075/400-100.