
По интервенција на екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи, отстранет е дефектот во близина на Градскиот парк, кој во текот на утринските часови предизвика привремен прекин на испорака на топлинска енергија за објектите:
- Илинден бр.77, 79, 81, 83, 84, 89
- Илинден бр.82 – простории на Град Скопје и Државен завод за статистика
- Илинден бр.88 – Зоолошка градина на град Скопје
- Орце Николов бр.118А, 122, 138, 141, 143, 145
- Орце Николов бб – Генералштаб на АРМ
- Донбас бр. 1, 6, 7, 10, 11, 14
- Алберт Ајнштајн бр.4, 6, 7, 8, 10
- Михаил Цоков бр.1 – простории на општина Центар
- Михаил Цоков бр.6
- Андон Дуков бр.3
- Аминта Трети бр. 1А
Со санација на дефектот воспоставено е редовно снабдување со топлинска енергија за сите потрошувачи од објектите на овие улици.
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи редовно ја следат состојбата на дистрибутивната мрежа и се подготвени брзо да интервенираат доколку има потреба.
Потрошувачите можат да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот бројот 02/3076-200 или 075/400-100, со праќање СМС-порака на броевите: 078/207-056, 070/369-337 како и преку веб страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи, во кој било дел од денот.