
По интервенција на екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи, отстранет е дефектот во Кисела Вода, кој во текот на вчерашниот ден предизвика привремен прекин на испорака на топлинска енергија за објектите:
- дел од потрошувачите на ул. Христо Татарчев
- дел од потрошувачите на ул. Димо Х.Димов
- дел од потрошувачите на ул. Вера Јоциќ
- дел од потрошувачите на ул. Пушкинова
- дел од потрошувачите на ул. Георги Димитров
- ул.Божидар Аџија
- ул.Боте Боцевски
- ул.Марко Цепенков
- ул.Тоне Томишиќ
- ул. Дичо Петров
- ул.Никола Добровиќ
- ул. Иван Козаров
- ул. Тодор Паница
- ул. Михаил Евтихиј
- ул. Доситеј Обрадовиќ
- ул. М. Михајловски
- ул. К Крстевски
Со санација на дефектот воспоставено е редовно снабдување со топлинска енергија за сите потрошувачи од објектите на овие улици.
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи редовно ја следат состојбата на дистрибутивната мрежа и се подготвени брзо да интервенираат доколку има потреба.
Потрошувачите можат да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот бројот 02/3076-200 или 075/400-100, со праќање СМС-порака на броевите: 078/207-056, 070/369-337 како и преку веб страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи, во кој било дел од денот.