Отстранет дефектот на улица Донбас



По интервенција на екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи, отстранет е дефектот на улица Донбас, што во текот на вчерашниот ден предизвика привремен прекин на испорака на топлинска енергија за објектите:

  • улица Орце Николов, број 138, 141, 143 и 145
  • улица Донбас број 6, 10, 11 и 14
  • улица Андон Дуков број 3
  • улица Алберт Ајнштајн број 4, 6, 7 и 8
  • булевар Илинден број 81 и 83

Со санација на дефектот е воспоставено редовно снабдување со топлинска енергија за сите потрошувачи од објектите на овие улици.

Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи редовно ја следат состојбата на дистрибутивната мрежа и се подготвени брзо да интервенираат доколку има потреба.

Потрошувачите можат да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот бројот 02/3076-200 или 075/400-100, со праќање СМС-порака на броевите: 078/207-056, 070/369-337 како и преку веб страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи, во кој било дел од денот.