
Почитувани потрошувачи,
Соодветно на податоците од Управата за Хидрометеролошки работи на Република Македонија (прогнозирана температура за 05.10.2016 е 11°С), а во врска со Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги („Службен весник на Р.М.“ бр.28/13, 32/15 и 126/15), Ве известуваме дека се создадени услови за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија и затоа од утре, 05.10.2016 година, ќе започне новата грејна сезона.
Начините на пријавување на рекламации во случај на дефект, се достапни на следниот линк:
Пријавување на рекламации
Воедно Ве потсетуваме дека одржувањето на внатрешната инсталација, согласно важечките законски норми, е обврска на самите потрошувачи. Доколку не сте во можност да ги решите проблемите со греењето (воздух и нечистотии во грејните тела, неисправни вентили и сл.), побарајте помош од нас (на наведениот линк) или од приватни сервисери.