
Дистрибутивната мрежа со која управува БЕГ е спремна за почеток на претстојната грејна сезона 2021/2022.
Санирани се сите дефекти на дистрибутивната мрежа кои беа лоцирани во текот на летниот ремонтен период. Заклучно со месец септември се извршени сите редовни проверки на подстаниците и на нивната функционалност. Дополнително, со цел да се обезбеди сигурна и квалитетна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи по почетокот на грејната сезона, извршени се повеќе ладни проби во дистрибутивниот систем.