Продолжуваат инвестициите во проширување на дистрибутивната мрежа на топлинска енергија



Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје во рамките на својата инвестициска програма за 2020/2021 година спроведува низа активности за проширување, модернизација и ревитализација на дистрибутивната мрежа во Скопје.

Реализацијата на овие инвестиции се од огромно значање во насока на задоволување на растечките потреби на граѓаните на градот Скопје, подобрување на квалитетот на живот и заштита на животната средина.

Сакаме да ја информираме јавноста дека во рамките на овие оперативни активности Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи Скопје интензивно работи на проширување на дистрибутивната мрежа со изградба на нов секундарен топловод во општината Аеродром, на потегот на улицата Венјамин Мачуковски. Општината Аеродром има издадено “Одобрение за градба на секундарен вреловод” како и “Согласност за вршење прекоп на јавна површина за поставување на топловодни инсталации” на улицата Венјамин Мачуковски.  Заради реализација на оваа инвестициja сообраќајот на овој потег во градот ќе биде под изменет режим, за што Секторот за сообраќај на Град Скопје издаде соодветна дозвола.

Им благодариме на граѓаните за разбирањето и за трпението