ПЛАН ЗА ИНВЕСТИЦИОНО ОДРЖУВАЊЕ И ПРОШИРУВАЊЕ НА ТОПЛОВОДНАТА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА ЗА ПЕРИОД ВО СЛЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ
Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ во наредните 5 години планира да го развива дистрибутивниот систем во следниве аспекти:
- Продолжување со процесот на оптимизација на дистрибутивниот систем преку интеграција на дистрибутивната мрежа со цел исполнување на критериумот за ефикасно централно греење, согласно ЕУ директива за енергетска ефикасност и Законот за енергетска ефикасност, а со тоа и зголемување на доверливоста;
- Зголемување на капацитетот на постојната мрежа и изградба на нови водови согласно развојот на градот и усвојувањето на новите ДУП-ови;
- Намалување на загубите при процесот на дистрибуција на топлинска енергија;
- Продолжување со процесот на дигитализација и автоматизација на дистрибутивната мрежа преку поставување на нови дополнителни SCADA точки со цел подобра резолуција при секојдневното оперирање;
- Оптимизација на процесот на дистрибуција на топлинска енергија.
План за проширување на дистрибутивната мрежа за периодот од пет години: