
Топлинската енергија се презема од производните капацитети и истата преку системот за дистрибуција се испорачува до мерните места на потрошувачите приклучени на дистрибутивната мрежа. Целокупната топлинската енергијата на влез во дистрибутивниот систем е регистрирана преку фискалните мерила на топлинска енергија, поставени на излезните точки кај производителите на топлинска енергија, односно на влез во дистрибутивната мрежа. Загубата при преносот/дистрибуцијата на топлинската енергија е последица на загуби на енергија поради топлиноодавање од цевководите кон околината (трансмисиони загуби) и истекување на топлоносителот.
Како резултат на нашите интензивни активности за подобрување на стабилноста и енергетската ефикасност на системот за дистрибуција, топлинските загуби се намалуваат година за година:
Дел од преземените активности се:
- Реконструкција на дотраени делници од мрежата;
- Поставување на предизолирани цевки;
- Брзо и ефикасно лоцирање и санација на дефекти на мрежа;
- Интензивни ремонтни активности.
Порастот на загубата на топлинска енергија во 2016 година е заради тоа што за првпат целокупната топлинската енергијата на влез во дистрибутивната мрежа е регистрирана преку мерилата на топлинска енергија поставени на влезот во дистрибутивниот систем. Пред 2016 година топлинската енергија на влез во дистрибутивниот систем се определуваше пресметковно, согласно измерените количини на потрошено примарно гориво и усвоените коефициенти на ефикасност на постројките за производство на топлинска енергија.