Визија, мисија и остварени резултати


Визија

Наша визија е Компанијата да остане препознатлив бренд по услугите кои ги нуди, односно најценет бизнис партнер за сите корисници на дистрибутивниот систем.

 

Мисија

Мисија на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи е да овозможи континуирано, безбедно и сигурно функционирање на најголемиот систем за дистрибуција на топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје.

 

Стратешки план

Континуираното следење на новите технолошки достигнувања и нивна примена во нашето работење е показател за нашиот труд и посветеност, а мотивот за тоа секогаш е сигурна и непречена дистрибуција на топлинска енергија.

Стратешкиот план на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи вклучува:

  • Подобрување на доверливоста на системот и квалитетот на дистрибуција на топлинска енергија преку интензивно одржување и унапредување на дистрибутивниот систем, што директно ќе влијае кон намалување на загубите;
  • Реконструкција на постоечката мрежа, започнувајќи од главните водови и преминувајќи кон секундарните водови;
  • Изградба на нова дистрибутивна мрежа;
  • Воведување на нови технологии кои ќе го унапредат функционирањето и ефикасноста на системот;
  • Постојана и континуирана обука на вработените;
  • Унапредување на квалитетот на услугата која ја нудиме;
  • Постојано подобрување на комуникацијата со корисниците на дистрибутивниот систем.

 

Резултати од работењето

Компанијата одговорно работи кон постојано унапредување, стабилизирање и модернизирање на дистрибутивниот систем за топлинска енергиј, сè со цел да обезбеди доверлив дистрибутивен систем на топлинска енергија. Наша цел е да допринесеме за одржување на стабилен енергетски систем во државата.

Во насока на остварување на стратешкиот план, во изминатите години непрекинато се стремиме кон подобрување на дистрибутивниот систем, како и подобрување процесот на дистрибуција на топлинска енергија. За таа цел преземавме многу чекори кои сега резултираат со стабилен систем и квалитетна испорака на топлинска енергија.

Во рамките на нашите заложби за подобрување на доверливоста на системот и негово унапредување, како и намалување на топлинските загуби и загубите на топлоносител, преземени се следните чекори:

 

  • Санација на дефекти на мрежа

Најчеста причина за дефектите на дистрибутивниот систем, особено на дистрибутивната мрежа, е нејзината старост и надворешната корозија на цевководите. Навременото лоцирање на дефектите и нивната брза санација е наш приоритет.

Наш стремеж е слабите точки на дистрибутивниот систем да ги лоцираме и санираме надвор од грејната сезона, со цел намалување на бројот на дефекти во текот на грејната сезона.

 

  • Загуба на топлоносител

Еден од главните показатели за успешноста во лоцирање и санирање на дефектите на дистрибутивната мрежа е намалената загуба на топлоносител.

Со скратување на времето на истекување на топлоносител се постигнува двоен ефект, се намалува времето на неиспорака на топлинска енергија до корисниците и се намалува загубата на топлиноносителот, односно топлинската енергија која е преземена од производителите, а не е испорачана во топлинските станици – мерните места.

 

  • Преземена и испорачана топлинска енергија

Преземената топлинска енергија во дистрибутивниот систем од постројките за производство и испорачаната до корисниците зависи од ангажирана снага на системот и потребата на системот (корисниците) од топлинска енергија, која директно зависи од надворешната температура во сезоната.

 

  • Загуба на топлинска енергија

Загубата при преносот/дистрибуцијата на топлинската енергија е последица на загуби на енергија поради топлиноодавање од цевководите кон околината (трансмисиони загуби) и истекување на топлоносителот.

Порастот на загубата на топлинска енергија во 2016 година е заради тоа што за првпат целокупната топлинската енергијата на влез во дистрибутивната мрежа е регистрирана преку мерилата на топлинска енергија поставени на влезот во дистрибутивниот систем. Пред 2016 година топлинската енергија на влез во дистрибутивниот систем се определуваше пресметковно, согласно измерените количини на потрошено примарно гориво и усвоените коефициенти на ефикасност на постројките за производство на топлинска енергија.

Уште една од нашите главни стратешки цели е реконструирање на постоечката дистрибутивна мрежа, како и континуирано проширување на истата. Подолу е даден приказ на должина на реконструирана и нова мрежа, за периодот од 2014 – 2020 година.

Во 2013 година беа започнати осум инвестициски проекти, но поради обемот на опфат и степенот на сложеност, сите проекти беа завршени наредните години.

Врз основа на Законот за енергетика и одредбите на Лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија, Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ја врши енергетската дејност – дистрибуција на топлинска енергија на подрачјето на градот Скопје, односно на делови од подрачјата на општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Центар, Карпош и Чаир. Наш приоритет е проширување и модернизирање на дистрибутивната мрежа, со цел овозможување на приклучување на нови објекти на дистрибутивниот систем. Вкупната должина на дистрибутивната мрежа и приклучоците мерени до топлинските станици во објектите, односно вклучувајќи го и делот од приклучоците кој поминува низ објектите, заклучно со 31.12.2020 година, изнесува 228.53 m, со приклучени вкупно 2860 мерни места.

Во рамките на нашите заложби за воведување на нови технологии кои ќе ги унапредат функционирањето и ефикасноста на системот, е замената на стариот мониторинг систем во топлинските потстаници, со новиот СКАДА систем за перманентна контрола. Досега, кај 12% од топлинските потстаници е извршена замена на опремата. Предвидено е оваа активност да продолжи сѐ до целосно покривање на топлинските потстаници со новиот СКАДА систем.