Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје е основано во октомври 2012 година, како дел од Групацијата Балкан Енерџи Груп, а енергетската дејност дистрибуција на топлина започнува да ја извршува на 31.12.2012 година, по добивањето на Лиценцата.
Основна и единствена дејност на работењето на компанијата е преземање, распределба и испорака на топлинска енергија до корисниците приклучени на дистрибутивната мрежа – крајните потрошувачи.
Компанијата ја извршува својата дејност согласно Законот за енергетика на Република Северна Македонија, Лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија и актите донесени од страна на Регулаторна Комисија за енергетика на Република Северна Македонија.