Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје поседува Лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија ТЕ-12.02.1/12, издадена од Регулаторната комисија за енергетика, согласно Законот за енергетика и Одлуката за издавање на Лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија (УП1 бр. 11-292/12 од 31.12.2012 година). Лиценцата е со период на важење од 35 години.